Светското првенство во атлетика во сала во Нанџинг, Кина, кое беше планирано за март 2023 година, е одложено за 2025 година поради пандемијата на коронавирус. Овој Мундијал требаше да се одржи во 2020 година, но поради пандемијата беше одложен за март 2021 година. Сепак, повторно е одложен.

Оваа одлука е донесена со согласност на Организацискиот комитет на Нанџинг и Кинеската атлетска федерација поради моменталната ситуација со ковид-19.

-Разочарани сме што моравме повторно да го одложиме овој настан поради околности надвор од наша контрола, но го направивме тоа за да ја осигуриме безбедноста на сите спортисти и федерации членки, истакна претседателот на ИААФ, Себастијан Коу.