Одложена расправата за пописот

99

Закажана за денес, во Собранието не започна комисиската расправа за предлог законот за попис.

Во барањето за тргање на точката од дневен ред пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев рече дека законот што се предлага не е во согласност со критериумите на Евростат и ОН. Попис организиран според овој предлог закон нема да ги реши проблемите ќе ги зголеми нема да добиеме релевантни и веродостојни податоци, рече Ѓорчев.

Точката за законот за попис беше повлечена од дневен ред, а се шпекулира дека партиите сеуште преговараат за ова прашање.