Заврши асфалтирањето на улицата „Црн Врв“ во Пробиштип

192

Заврши целосната реконструкција и асфалтирање на улицата „Црн Врв“, во централното градско подрачје на Пробиштип.

Градоначалникот Драган Анастасов вели дека завршено е асфалтирањето, а сега остануваат уште дополнителни градежни работи. Општината од сопствениот буџет за реализација на проектот издвоила 3.567.349 денари.

– Во наредните денови следи изградбата на тротоарите и поставувањето на новото лед улично осветлување – вели Анастасов.

Завршени се и тендерските постапки и за останатите планирани улици во општина Пробиштип.

– Во текот на наредните месеци ќе се реконструираат, но и изградат нови улици во должина од еден километар. Станува збор за реконструкција на дел од улицата „Димитар Влахов“, потоа изградба на улица и во населбата Пробиштип и дел од улица, што води кон Градскиот пазар – нагласи Анастасов.