Македонскиот репрезентативец Стојан Ѓуроски и неговиот Аликанте  им се вратија на победите, откако славеа на гости кај Мурсија со 71:65.  Гостинскиот тим го контролираше резултатот во најголем дел од мечот и главната предност ја создаде во последната четвртина, по што стана јасно дека бодовите ќе ги однесе тимот на Аликанте.

Македонскиот репрезентативец го заврши мечот со 11 поени зад своето име и придодаде со уште четири скока и две асистенции, учинок кој воедно направи да биде и втор најдобар стрелец во својот тим.

За Аликанте ова беше седма победа во осмото коло, а со оглед на поразот на Гранада, тимот на Ѓуроски се врати на првото место на табелата.