Одбојкарите загубија од Украина, Европското првенство се подалеку

36

Македонската одбојкарска репрезентација е поразена со 3-1 во сетови од Украина, во претпоследниот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство кое ке се одигра во септември годинава и драстично си ги намали шансите за место на завршницата. Украинците се сигурно први во групата и учесници на европскиот собир на најдобрите.

Во вториот натпревар во нашата група, Швајцарија со 3:2 ја совлада Унгарија и сега и ние и Швајцарците имаме идентично по шест бода, но македонскиот тим има подобар сет количник.

Во последното коло одбојкарите се соочуваат со Унгарија на домашен терен и мора да забележат победа за да завршат на втората позиција во групата. Но, за да обезбедат место на еврошампионатот ќе зависат од исходите во другите квалификациски групи. Ова затоа што пет од седумте второпалсирани одат на Европското првенство.