Одбиена жалбата на принцот: На Хари му е официјално укината полициската заштита

248

Судот во Лондон ја одби жалбата на принцот Хари против одлуката на британската влада да ја прекине неговата полициска заштита кога тој е во Велика Британија, изјави денеска портпаролот на судот.

Хари поднесе тужба против оваа одлука на британската влада пред Високиот суд во Лондон, откако британското Министерство за внатрешни работи одлучи во февруари 2020 година да го прекине неговото лично полициско обезбедување додека е во ОК, пренесува Ројтерс.

Принцот Хари, заедно со другите високи членови на кралското семејство, уживаше целосна безбедносна заштита од британската полиција сѐ додека не се повлече од сите кралски должности и се пресели во Калифорнија со неговата сопруга Меган во март 2020 година.