Норвешкиот репрезентативец Кристијан Бјерсен, потпиша договор со екипата на Алборг. Данскиот првак има амбициозен план за наредните сезони. Данците претходно го ангажираа Микел Хансен, кој го шокира ракометниот свет кога одлучи да си замине од ПСЖ.

Управата ќе гради тим околу Хансен, а едно од првите парчиња од сложувалката е Норвежанецот. Тој се обврза на тригодишна соработка со новата екипа, која ќе започне на крајот од тековната сезона

Искусниот ракометар доаѓа од редовите на Вецлар, каде ја делеше соблекувалната со нашиот Филип Миркуловски.