Поранешниот селектор на македонската ракометна репрезентација и поранешен тренер на македонскиот шампион вардар Шпанецот Раул Гонзалез, нема план да си замине од екипата на Пари Сен Жермен.

Блиски соработници на шпанскиот стратег најавуваат дека наскоро ќе биде официјализирано продолжувањето на соработката меѓу Гонзалез и челниците на најбогатиот клуб во светот.

-Раул тука има сè што му треба. И тој сака да победи во Париз. Нема да биде комплицирано, наскоро двете страни ќе ги откријат плановите за наредните години, открива изворот близок до Шпанецот.

Раул, кој и ја донесе првата европска титула во Македонија со Вардар се приклучи на клубот од француската престолнина во 2018 година.