Нов договор за Фати

86

Актуелниот шампион на Шпанија, тимот на Барселона, сака по секоја цена да потпише нов договор со големиот талент и најнова сензација во шпанската Примера дивизион, Ансу Фати.

Иако станува збор за 16-годишен фудбалер, Фати на последниот првенстве натпревар, против екипата на Валенсија, постигна еден погодок и запише една асистенција.

Крилниот напаѓач има договор до 2022 година, но раководните лица на Барса сакаат Фати да потпише договор кој ќе биде со важност до 2025 година и кој ќе му гарантира годишна плата од 1.5 мил. евра.