Турското тло не мирува и во текот на денешниот ден. Централна Турција денеска беше погодена од земјотрес со интензитет од 5,2 степени по Рихтер, според податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Епицентарот бил на 61 километар од турскиот град Адијаман, а се случил во 11:11 часот по средноевропско време.
Кусо потоа, следеше уште еден значително силен земјотрес со измерени 4,7 степени по Рихтер.