Нова понуда за Караско

126

И за време на зимскиот преоден рок, лондонскиот премиерлигаш Арсенал ќе се обиде да ги осигури услугите на белгискиот интернационалец од редовите на кинескиот суперлигаш Далиан, Јаник-Фереира Караско.

Крилниот напаѓач не крие дека сака да се врати во Европа за да биде поблиску до својата фамилија, но клупскиот претседател е против таквата идеа. И покрај таквата ситуација, „топчиите“ подготвуваат понуда која нема да биде помала од 35 мил. фунти.