Нова книга: „Blue Moon“ од Дамир Каракаш на македонски јазик

401

„Blue Moon“ е насловот на романот на хрватскиот писател Дамир Каракаш, кој на македонски јазик деновиве го објави Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ од Скопје. Преводот од хрватски јазик е на Ленче Тосева.

„Ова е предвоен роман од повоената хрватска книжевност. Авторот следи еден фанатичен рокер, пропаднат загрепски студент од провинција, на самиот крај на 80-тите години на 20 век, кој во својата егзис­тен­цијална изгубеност се соочува со најавата за војна што ја слуша на улица или во семејните разговори. Во романот се прави спој на интимната и општествената атмосфера и уверливо се чувствува сликата на автентичната предвоена мачнина. Приказната за главниот лик Чарли се однесува на период од неколку месеци – откако тој првпат ќе ја види девојката од своите соништа до моментот кога нејзината бременост е напредната, а идниот избезумен татко од про­зо­рецот гледа како минува камион полн со мртви тела… Во неа има епизоди од детството на главниот лик, кои се случуваат во Лика, родниот крај на Каракаш. Романот се потпира на сопственото искуство на писателот, но не е автобиографски“, стои во најавата за романот на еден од најчитаните современи хрватски писатели.