Нова книга: „Споделувања“ од Кире Неделковски

153

Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола ја објави новата поетска книга „Споделувања“, чиј автор е поетот Кире Неделковски. Поетската книга содржи педесет и пет песни распоредени во шест циклуси.

„Поетот го дополнува својот духовен дневник со нови сознанија и размисли за животот и минливоста. Оваа ризница од размисли е полна со нови согледби за сегашноста и иднината. Оваа будна лирика се приспособува со новите потреби на светов и ги споделува сите сознанија и состојби низ кои минувал поетот“, се посочува во критичкиот осврт кон книгата.

Неделковски има објавено дваесетина поетски книги и неколку двојазични избори. Учествувал на многу поетски фестивали, а застапуван е во повеќе избори и антологии. Преведуван е на десетина странски јазици.