Нова градинка ќе се гради во Јурумлери

142

Потпретседателката на СДСМ Мила Царовска, придружувана од градоначалникот на oпштина Гази Баба беше на маалска средба со граѓаните на населеното место Јурумлери, општина Гази Баба.

Пред граѓаните, Царовска порача дека Гази Баба наскоро ќе добие нова градинка, а преку инвестирањето во нови објекти на градинки, опфатот на деца во градинките ќе порасне на 50 отсто.

– Владата предводена од СДСМ постојано инвестира во проширување на капацитетите на детските градинки и зајакнување на кадарот во градинките. Сето тоа е со цел да се врати достоинството на воспитувачите да се зголемуваат платите, како и да се подобруваат условите за работа, но и да се зголеми опфатот на деца во градинките – порача потпретседателката Царовска.