Иако не може да се пофали со добар скор против Новак Ѓоковиќ, швајцарскиот тенисер Станислас Вавринка смета дека има некаква психолошка предност во нивните меѓусебни дуели.

-Новак е човекот кој од „големата тројка“ секогаш беше оној против кого сакав да играм. Неговиот стил најмногу ми одговара, иако тој ме победи толку пати што дури и не можам повеќе да сметам. Знам дека тој е исплашен кога ќе се сретнеме на грен слем турнирите, го чувствувам тоа кога излегуваме на терен. Игравме на САД Опен и се чувствував самоуверено, бидејќи тој беше свесен за тоа што можам да го направам, вели трикратниот грен слем шампион.

Досега овие двајца тенисери одиграле 25 натпревари, а Србинот има голема предност со 19 победи и само шест порази.