Романот „Барутни облаци“ од Ѓорѓевски издаден и на германски

57

Романот „Барутни облаци“ од македонскиот автор Бранислав Ѓорѓевски е преведен и издаден на германски јазик под наслов „Pulvershcwaden“ и поставен е на најголемата онлајн платформа за продажба на книги Амазон.

Ова е втората книга на Ѓорѓевски издадена на германски јазик. Претходно, во 2016 , од истата издавачка куќа Бернд Е. Шолц, беше објавена неговата збирка раскази „Северно од Сонцето“.

Покрај романот „Барутни облаци“ Ѓорѓевски до сега има напишано и две збирки раскази „Сите тие краеви“ (2012) и „Северно од Сонцето“ (2015)