Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски, нема да ја менува средина ова лето, откако се реши да ја прифати понудата на португалскиот шампион Порто. Митревски, кој зад себе има одлична сезона стави потпис на нов двегодишен договор со португалскиот тим.

Задоволство е да се биде дел од гигант како Порто. Многу сум среќен што го продолжив договорот. Благодарност до навивачите, освоивме сѐ што можеше да се освои овие две години, загубивме само еден меч, двапати ја поминуваме групата во Лигата на шампионите… Сон за секого е да играме на завршниот турнир на Лигата на шампионите. Растеме постојано како тим, победуваме против врвни екипи и со малку среќа можеме да испишеме историја и да играме меѓу осумте или четирите најдобри екипи. Задоволен сум како изминаа овие две години и уште позадоволен што останувам во Порто, изјави македонскиот голман.

Првата македонска „единица“ во редовите на Порто се пресели пред две години, од Еурофам Пелистер, а претходно неколку сезони бранеше и за најголемиот ривал во Португалија, Бенфика

Митревски (36) исто така настапуваше за Вардар, Металург и Констанца, а веќе подолго време е незаменлив меѓу стативите во македонската репрезентација. Порто му е една од најдобрите одлуки во кариерата и во овој клуб го направи потребниот скок, заради кои денес го препознаваат како еден од најдобрите европски голмани.