Не им дадоа ни на оној свет да почиваат во мир: Арета Френклин и Есма Реџепова пред самата смрт ги имале ограбено

70

Светските медиуми пишуваат дека на светски познатата пејачка Арета Френклин и украле 178 илјади долари на смртна постела во август минатата година.

Нешто слично се зборуваше и на големо се шушкаше и за нашата легендарна Есма Реџепова дека исто така и биле украдени парите пред да почине. Се разбира дека тоа никогаш со сигурност не е потврдено, а и износот беше далеку помал, околу 5 илјади евра.

Властите во Детроит истражуваат дали некој ја измамил пејачката Арета Френклин, впаричувајќи го нејзиниот чек на 178.000 долари, додека кај нас за нашата Есма за кражбата во нејзиниот Дом на хуманоста не се знае ни кој крадел ниту што украл?

Единствено е познато дека е направена невидена пустош, се однесоа дури и тоалетните школки, а скапоцените фустани на Есма завршиле кај некои познати дами, за кои никогаш случајно или не, не е докажано дали е тоа точно? Д.М.