ВЛАДО ЈАНЕВСКИ ПРЕД СКОПСКИОТ КОНЦЕРТ СЕ ПРИСЕТИ НА НЕКОИ СЛУЧКИ ОД ЖИВОТОТ: Не се женам не, бракот е нешто друго!

345

Владо Јаневски деновиве е во невидена фрка и тоа од оној тип кога таквите слатки гужви му годат на секој познат пејач. Растрган е на сите страни помеѓу новинарите, медиумите, публиката, пресовите како тој вчера во “Лајт клуб ресторан“, а по повод неговиот концерт на 16 март во “Борис Трајковски“ во организација на “Прагма продукција“.

Неодамна во емисијата кај Жаре Димитриоски тој не потсети на многу интересни случки од неговиот живот и кариера. На пример, онаа најинтересната дека на свадби никогаш не оди ниту кај пријателите, но дека поканата за свадбата кај Каролина Гочева едноставно не можел да ја одбие.

– Тоа е вистина дека не сум тип за свадбени прослави, тоа ме премара, но тоа не значи дека сум човекомрзец. Далеку од тоа. И јас знам да се веселам. Но не на тој свадбарски начин. Кога ја добив поканата за свадбата од Каролина, јас не можев да ја одбијам. Таа и Калиопи ми се и повеќе од пријателки, тие ми се како сестри. Па, токму со Калиопи се договоривме и отидовме на свадбата кај Каролина. Но, што се случи таму? Кога влегов во тој хангар каде што се одржуваше свадбата, а кој беше совршено уреден, и кога видов една непрегледна река од некои 350 луѓе и повеќе, си реков, не Владо тука не ти е местото. Калиопи совршено ме разбра, таа остана, а јас си заминав.

Логично дека свадбениот подарок пред тоа и го дадов на Каролина….. Но, неодамна на прашањето за нашиот “Вечер“ дали ќе се жени бидејќи кружат за него многу трачеви, Владо ни одговори:

– Не, што ти паѓа напамет. Не се женам! Досега не сум се оженил, па не на овие мои пристојни години. Јас не ја разбирам целта на муабетите што постојано ме прашуваат луѓето, зошто не се женам? Мене и вака ми е убаво во мојата кожа. Среќен сум, задоволен со својот живот, не сум сам, да се разбереме, но бракот е нешто друго. Д.М.