Поранешниот голман на евроскиот, македонски и регионален шампион Вардар, Арпад Штербик не го дочека крајот на сезоната и одлучи да и стави крај на својата богата кариера. Тој во разговор за „Дневник.рс“ отри дека никогаш не зажалил што потпишал за македонскиот тим

-Одлуката да ја завршам кариерата ја донесов уште пред да почне пандемијата со коронавирусот. Но оваа состојба само ја забрза оваа одлука. Знаете јас сум како дизел машина, тешко тргнувам и ми треба време додека да се загреам, односно додека да постигнам работна температура. Не сум подготвен за нов почеток, едноставно се заситив од ракометот. Сопругата Моника ме наговара да ја продолжам кариерата, да издржам до крајот на годината за опростувањето да биде поубаво. Се е тоа добро, но јас навистина немам волја, истакан Штербик

Интересно е тоа што Арпад уште во 2014 година сакаше да ја заврши кариерара, но тогаш стигна фантастична понуда од Скопје, поточно од тимот на Вардар.

-Во ниеден момент не зажалив што потпишав за Вардар. Во Скопје помнав четири прекрасни години, стекнав многу пријатели, освоив клупска шампионска титула, а и фифнасиски добро поминав, додаде легендарниот голман.

Штербик е унгарски државјанин, сезонава играше за Весппрем, а Лигата на шампионите со Вардар ја освои во 2017 година. Тогаш во финалето „црвено – црните“ го совладаа тимот на ПСЖ.  Тој претходно уште три пати ја освојуваше Лигата на шампионите во 2006, 2008 и 2009 година со тимот на Сиудат Реал, а има и златен медал од Светско и Европско првенство со решрезентацијата на Шпанија.