„Нефа мебел“ комплетно исчезна од Македонија – избришани и ФБ и ВЕБ страницата на компанијата

375

Српско-руската фирма за мебел „Нефа мебел“, без никакви најави ги затвори десетина продавници низ Македонија и остави во неизвесност стотици купувачи кои однапред имаат платено за нарачките. По затворањето на продавниците, денеска целосно се отстранети Фејсбук и ВЕБ страницата на компанијата.

„Нефа мебел“ е српско-руска фирма што пред неколку дена ги затвори сите продавници во Македонија и Србија. Произведувач на мебелот што се продаваше во овие салони е руската компанија „Спилит“.

„Платив за тросед во салонот на „Нефа“ во Градскиот трговски центар во Скопје. Доплатив 1.500 денари за превоз. Чекав 15 дена и ништо. Во салонот во ГТЦ ми рекоа да одам во салонот во Сити мол. Таму продавачот, откако случајно се собравме повеќе незадоволни муштерии, отворено ни рече дека фирмата банкротирала и да си избереме какво сакаме парче мебел, некој вид обесштетување“, вели за МКД.МК еден од многуте измамени муштерии од оваа компанија и во Македонија и во Србија“