Неочекуван пораз на МЗТ Скопје во „Јане Сандански“

76

Шесткратниот кошаркарски шампион во Македонија, екипата на МЗТ Скопје, претрпе неочекуван пораз на домашен терен од тимот на Кошув со 91:80.

Иако се очекуваше дека „металците“ ќе дојдат до лесен триумф, сепак гевгеличани не мислеа така, одиграа одлично пред се во нападот и на крај дојдоа до првата победа во „Јане Сандански“ во нивната клупска историја, со која обезбедија место во Суперлигата.

Најзаслужен за оваа победа на Кожув беше Игор Кесар со 26 поени, додека на спротивната страна Џејмс Вудард постигна 18 коша.