Трагичен пресврт: Ја одвел на романтично место за да ја запроси, само што му рекла „да“ се лизнала и починала

475
Pexels

За да ја прослават свршувачката, 39-годишната Џесим Демир и нејзиното момче Низаметин Гурсу отишле на ‘ртот Полента во Турција да го гледаат зајдисонцето, пренесува Вечерњи.хр.

Наводно, мажот се вратил во својот автомобил за да ги земе работите за пикник и слушнал крик, се стрчал и ја нашол својата вереница падната од карпата. Жената го преживеала падот од карпата, но 45 минути подоцна лекарите констатирале смрт.

„Го избравме ова место за да имаме романтично сеќавање по запросувањето. Испивме малку алкохол. Сè се случи одеднаш, таа изгуби рамнотежа и падна“, изјави Низаметин Гурсу за локалните медиуми, а пренесува весникот „Феникс“.

Службениците веднаш го затвориле споменатиот простор и започнале увид.

„Сите доаѓаат овде да го гледаат зајдисонцето. Сепак, патиштата се многу лоши и нема ограда на работ на карпата. Мора да се подигне ограда, да се преземат мерки на претпазливост“, рече еден од пријателите Џесим Демир.