Дури и при неверство не е се до убавиот изглед: Мажите откриваат каква е за нив совршената жена

368

За жал, изневерувањето во брак не е невообичаено. Во едно од американските студии е откриено дека над 40 отсто од брачните парови имаат неверство. Истата студија покажува дека кај мажите поголема е веројатноста да имаат афери и да бараат поголема физичка интимност и внимание.

Во текот на годините се направени многу истражувања во кои психолози, психотерапевти, сексолози и други експерти сакале да откријат зошто луѓето изневеруваат и какви љубовници избираат.

Една од мошне интересните и сеопфатни студии беше спроведена од страната за запознавање SeekingArrangement. Откриле дека речиси двајца од пет мажи биле во брак.

Сајтот ги анализирал податоците на 468.000 оженети мажи и ги проучувал нивните пребарувања и пораки. Откриле какви љубовници најчесто бараат мажите.

Како изгледа таа?
За многу мажи, совршената сопруга ги има следниве карактеристики:

Возраст помеѓу 25 и 31 година

61% од мажите бараат русокоса

47% од мажите најмногу преферираат зелени очи

33% претпочитаат жени со атлетска фигура

32% од мажите сакале жена со градник 70 Д

32% од мажите претпочитаат бели жени, а потоа следат Азијките со 30%.

Што е со личноста?
Порталот откри дека жените со одредени карактеристики на личноста се најпопуларни меѓу оженетите мажи. Се чини дека оженетите мажи преферираат жени кои се отворени, сензуални и енергични.

И брачниот статус и образовниот статус се важни
Иронично, дури 98% од оженетите мажи претпочитаат љубовници кои се сингл. Дури 86 отсто од мажите претпочитаат љубовници кои имаат диплома.

Истражувачите заклучуваат дека мажите сакаат млада жена која исто така е доволно зрела да го разбере и да се согласи со концептот на афера.

За да избегнете неверство во врската, секако е важно вие и вашиот партнер да изградите силна, сигурна врска каде што ќе можете да комуницирате со почит и да се разбирате.