Нема попуст за Руиз

37

Контроверзниот сопственик на италијанскиот калчолигаш Наполи, Аурелио де Лаурентис, испрати јасна порака до сите клубови кои ќе се обидат за време на летниот преоден рок да ги осигураат услугите на шпанскиот интернационалец Фабијан Руиз. Офанзивниот играч за врска сигурно ќе биде продаден, но официјалната понуда за неговите услуги не смее да биде помала од 60 мил. евра. Интерес за неговите услуги покажуваат челниците на Барса и Реал (М).