Светскиот тениски рекет број еден Србинот Новак Ѓоковиќ, ја освои титулата на вториот грен слем турнир Ролан Гарос, откако во финалето, во пет сета го совлада Гркот Стефанос Циципас со 6:7, 2:6, 6:3, 6:2, 6:4.

Ова е втора титула за српскиот тенисер на Ролан Гарос, првата ја освои во 2016 годна и вкупно 19. грен слем во кариерата со што им се доближи на Шпанецот Рафаел Надал и Швајцарецот Роже Федерер, кој имаат по 20. грен слем титули во кариерата.

Победата на Ѓоковиќ во Париз е историски момент во тенисот, бидејќи стана првиот тенисер кој ги освоил сите четири грен слема по најмалку двапати.

Воодушевен сум, многу горд заради осовјувањето на титулата. Дел сум од историјата на спортот што го сакам и тоа ме исполнува. Не би можел да бидам посреќен, заради се што направив во последните 48 часа. Ова најверојатно е едно од моите три најголеми достигнувања. По првите два загубени сета слушнав два гласа – едниот ми велеше дека не можам да направам пресврт, дека е готово. Тоа беше гласот после вториот сет. Потоа почувствував дека е време да се посветам на вториот глас. Си реков на себе дека можам, почнав да повторувам, а кога почна третиот сет се чувствував подобро. По освојувањето на овој сет не постоеше сомнение дека не можам да победам, изјави Ѓокови по победата на турнирот во Париз.

Од друга страна грчкиот тенисер беше прилично свесен дека не може да биде на нивото на кое е светскиот рекет број еден.

-Одличен натпревар и голема борба. Направив одличен резултат, првпат играв финале на еден грен слем турнир и можам да бидам задовоелн со тоа што сум го направил. Новак е голем шампион и инспирација за мене низ кариерата. Ако направам барем половина од она што тој го направи во кариерата ќе бидам пресреќен, изјави Гркот.