Неколку улица во општина Центар утре без вода

96

Без вода утре од 8:30 часот ќе останат корисниците на потегот од булеварот „Свети Климент Охридски“ до улицата „Аминта Трети“, во општина Центар.

Како што соопшти РЦУК-Скопје, прекинот е поради уличен дефект на булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“, број 30 во населбата Центар.

Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата.

Од 9:30 часот до 13:00 часот без вода ќе останат и дел од корисниците од улицата „Антон Панов“ , во општина Центар.

Прекинот е поради изведување на приклучок на улицата „Антон Панов“, број 3 во населбата Водно.