Камерунскиот УФЦ-борец, Френсис Нгану го одбрани појасот во главната борба на вечерта на настанот УФЦ 270 во Анахајм откако го победи тешкашот Сирил Ган на поени.

Иако Нгану беше бранител на појасот, сепак Ган важеше за фаворит и така го започна мечот. Ган беше подобар во првите две рунди и се одеше кон тоа дека појасот ќе го смени сопственикот. Меѓутоа, во третата, Нгану почна да ги врти работите во своја корист. Камерунецот успеа да го собори Гана и од тој момент сѐ беше во негови раце. Тој продолжи со добра борба во четвртата и петтата рунда и тоа на крајот му донесе одбрана на титулата.