Како што пренесуваат американските медиуми, НБА кошаркарот Дариус Морис ја претепал својата девојка Кристина Евангелин и притоа направи нешто уште поодвратно, бидејќи сето тоа го снимал.

Таа на социјалните мрежи објави видео на кое се гледа како Морис крвнички ја тепа, а за само неколку часа снимката имаше бројни прегледи.

По сето тоа објави и фотографија од лицето, а може да се видат модринки по целата фаца.

Според американските медиуми, инцидентот се случил во април минатата година. Девојката потоа отишла во полиција поради тешкиот ќотек, но не сакала да сведочи. Морис минатата сезона играше во Русија, за тимот на Јенисеи, а исто така има играно и за ЛА Лејкерс, Клиперс, Бруклин, Филаделфија…