Најдобриот играч на Далас, Лука Дончиќ, беше видно разочаран по средбата со Хјустон, меч кој неговиот тим го загуби со 102:93.

  • Секој има лоши вечери, нели? Па, нашиот тим одигра ужасен натпревар. Мора брзо да заборавиме на оваа средба и да продолжиме понатаму, истакна Словенецот, а мечот го заврши со 23 поени, меѓутоа со слаба реализација (9 од 26 од поле).

Резултати: Индијана – Минесота 141:137, Орландо – Вашингтон 116:131, Бостон – Њујорк 101:99, Бруклин – Њу Орлеанс 139:111, Атланта – Мемфис 113:131, Оклахома – Шарлот 102:113, Денвер – Сан Антонио 106:96, Феникс – Јута 117:113.