На трасата на пругата Куманово – Бељаковце се работи на повеќе фронтови

1555

На трасата на пругата Куманово – Бељаковце која е во должина од 30,8 километри, се работи на повеќе фронтови. Работите на реконструкција на пругата продолжија лани во октомври, а во моментов тече градбата на осум подвозници и шест надвозници, како и на два пропусти и на мостот на Пчиња.

Од ЈП за железничка инфраструктуира – Железници на РСМ велат дека интензивно се работи на довршување на железничките станици Ново Куманово, Шупли Камен и Бељаковце, а во фаза е и изработка на основен проект за реконструкција на станичната зграда во железничката станица Куманово. Предвидена е и изградба на шест стојалишта: Лопате, Перо Чичо, Проевце, Доброшане, Клечовце, Довезенце кои што ќе овозможат брза и сигурна комуникација.

Дел од активностите се спроведуваат и во населбата „Перо Чичо“, каде продолжи изградбата на нов надвозник кој ќе биде поставен паралелно со железничкиот подвозник. Од претпријатието наведуваат дека ќе се изгради и звучна бариера помеѓу пругата и куќите во непосредна близина, со што појаснуваат ќе се подобри квалитетот на животот на жителите.

Исто така, на трасата се наоѓа дива депонија која треба да се исчисти и ќе се постави ограда околу пругата за да се оформи градилиште на кое невработените лица нема да имаат пристап.

Градежни активности се планирани и во село Лопате каде железничките пруги од коридор 8 и коридор 10 се вкрстуваат со регионалниот пат кој води кон селата Липково и Опае.

Изведувач на работите е „Штрабаг“, а надзор „ИРД“ кој е посочуван во јавноста во случајот со автопатите што треба да се градат за 1,3 милијади евра.