Професорката Ачковска: Средношколец бил отруен со дрога ставена во пијалок во кафуле

402

Средношколец, матурант од скопската гимназија „Георги Димитров“ завчера починал неофицијално како последица на дрога ставена во пијалак во кафуле.

Вчера на градските гробишта во Бутел, неговите другари и соученици го испратиле Јован во своето вечно почивалиште, а веста за починатиот матурант на социјалните мрежи ја објави професорката Виолета Ачкоска. Таа тврди дека гимназијалец бил отруен со дрога во кафуле во земјава. МВР се уште се нема огласено околу таа информација. Во коментари под објавата се огласи и мајката на Јован која ја потврди смртта на младиот тинејџер.

„Дали некој знае дека денес се погребува гимназијалец отруен од дрога ставена во пијалок во кафич. Дали некој знае уште за неколку слични случаи на деца, кои по халуцинација се фрлат од 5-ти спрат и слични самоубиства. Можеби некој знае, но не оваа јавност која се уште е „траурна“ од смртта на малата Тамара, нека почива меѓу ангелите“, напиша професорката на социјалните мрежи.