На почетокот на 2024 година започнува надградбата и доградбата на ООУ „Блаже Конески“

65

Свесни за потребата од нови инфраструктурни инвестиции во образованието, на почетокот на 2024 година започнуваме со доградба и надградба на училиштето „Блаже Конески“, информираат од Општина Аеродром.

Таа ќе се реализира во две фази, при што постојниот објект на училиштето ќе биде добие дополнителни 26 училници, 13 наставнички кабинети, голем централен хол, дополнителна спортска сала, просторија за библиотека и трпезарија со кујна на вкупна површина од околу 2.500 квадратни метри.

-Завршување на доградбата и надградбата значи и реализација на едно важно ветување пред граѓаните и проект со кој директно ќе се овозможи модерен и современ образовен процес каде учениците и наставниот кадар ќе имаат соодветни услови за реализација на наставата – соопштија од локалната самоуправа.