На низок старт поради Кеси

71

Најбогатите клубови во англиската Премиер лига со големо внимание ја следат ситуацијата околу стандардниот првотимец во дресот на италијанскиот калчо гигант Милан, Франк Кеси. Одличниот играч за врска има договор со „росонерите“ до 30. јуни 2022 година, но раководните лица на седумкратниот европски клупски шампион сакаат што е можно побрзо да ја продолжат соработката со репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска.