Хрватскиот ракометен репрезентативец Лука Циндриќ е прет потпис со каталонскиот гигант Барселона. Циндриќ, кој од македонскиот шампион Вардар замина во Киелце (Полска) повеќе не сака да остане таму и покрај тоа што целниците на полскиот шампион неколку пати се обидоа да го засржат со нов договор.

-Моментно сме во последната фаза од преговорите. Овој викенд ќе разговараме со раководството на Барселона и ќе ги затвориме преговорите. Постојат некои мали разлики, но тие нема да влијаат на конечните резултати од преговорите. Сигурни сме дека ќе постигнеме договор. Лука е среќен во Киелце, но уште од малечок сакал да игра за Барселона. Тешко е да се одбие таква понуда, но имам чувство дека тој ќе ни се врати еден ден, изјави претседателот на Киелце, Бертуш Сервас.

Циндриќ од 2018 година е во Полска и има договор до 2021 година. Барселона за неговите услуги ќе плати половина милион евра. Во каталонскиот гигант би требало да го наследи легендарниот Раул Ентрериос.

Хрватот беше еден од најзаслужите за пласманот на Вардар во финалето од Лигата на шампионите кога македонскиот шампион и ја осови историската прва титула. Тој токму против Барселона во полуфиналето го постигна победничкиот гол во поселдната секунда од мечот.