На деконтаминација во ОХИС чекаат четири контејнери земја измешана со линдан

73
На локацијата на малата депонија во ОХИС не се вршат никакви активности. Вкупно 960 тони отпаден линдан е извезен во Франција за уништување, покажал редовниот инспекциски надзор на Државниот инспекторат за животна средина во деловите 1 и 2 во малата депонија која е под т.н. балон и се покриени со најлонска фолија.
– Во моментот на локацијата не се вршеа никакви активности. Делови 1 и 2 се целосно исчистени и количините од 960 тони отпаден линдан се извезени во Франција. Контаминираната почва е сместена во 7 метални контејнери од кои 3 се веќе извезени во Германија заради деконтаминација, а останатите 4 контејнери согласно планот ќе се извезат исто така во Германија за деконтаминација – информираат од Инспекторатот.