Најдобри, во креирање добар амбиент за развој на претприемништвото

123

Златна награда и признание „Globallocal“ за креирање добар амбиент за развој на претприемништвото во Средна и Југоисточна Европа за 2019 година, во категоријата најдобри локални заедници, ú беше доделена на Општина Илинден.

Како што соопшти денеска Општина Илинден, наградата е доделена од страна на Меѓународниот економски форум Перспективи-Дубровник и Промо глобал-Загреб врз основа на Одлуката на Меѓународниот комитет за доделување на интернационални награди и признанија за заедниците и институциите за креирање на добар амбиент за развој на претприемништвото во Средна и Југоисточна Европа „Globallocal“.

Ова признание му беше врачено на градоначалникот на Општина Илинден Жика Стојановски на свеченоста во рамки на Вториот светски конгрес на претприемачи што се одржа во Скопје.

Наградата „Globallocal“ на најдобрите локални самоуправи во креирањето добар амбиент во претприемништвото им се доделува на посебно успешните локални заедници кои со оригиналните решенија и креативни мерки значајно го унапредиле амбиентот за брз и одржлив развој на претприемништвото како темел на развојот на локалната заедница и нејзините граѓани.

– Продолжува инвестицискиот циклус карактеристичен за Општина Илинден, во кој од 2008 година до денес реализирани се вкупно 187 инвестиции, од кои 33 странски директни инвестиции, што придонесе невработеноста во општината која во 2008 година изнесуваше 38 отсто, континуирано да се намалува и денес изнесува пет отсто- истакнал градоначалникот Стојановски.