Во Кино Култура на 19 октомври (20 часот) во организација на Локомотива -Скопје и во рамки на програмата „Уметност Политика Институција Тело“ Ќе биде изведен танцовиот перформанс ” Made for Happiness” на Ива Свештарова и Вили Прагер.

“Made for Happiness” е коментар за односот кон среќата, поттикната од современата култура. За создавањето на нивниот перформанс “happy show”, авторите Ива Свештарова и Вили Прагер изучуваат различни прирачници, тестови и веб- страници за мерење на среќата. Сето ова ги натера да разберат дека покрај

емотивната состојба, и среќата станува продукт со многу јасна формула и слика. Значи, таа може да биде прашање на конкретни практики. Уметниците се соочуваат со предизвикот да произведат среќа на сцената. За таа цел тие се опремени со стресни топки, шампањ и други пријатни стимули….

Перформансот “Made for Happiness” е добитник на националната награда IKAR –

Национална театарска награда 2019 во категоријата Современ танц и перформанс.