Најголан како жртвено јагне

43

Големиот ривал од италијанската Серија А, тимот на Интер, ќе се обиде за време на летниот преоден рок да ги осигура услугите на најдобриот фудбалер во дресот на Фиорентина, Фредерико Киеза.

Освен парична понуда, раковдоните лица на Интер се подготвени во обратната насока да го испратат белгискиот интернационалец Раџа Најголан, кој актуелната сезона ја одработува како позајмен играч во дресот на Калјари.

Искусниот играч за врска важи за голема желба на челниците на Фиорентина, кои сигурно ќе побараат и парична понуда за Киеза не помала од 50 мил. евра.