Бернардески замена за Дембеле

61

Каталонскиот гигант Барселона најверојатно ќе биде следната дестинација на крилниот напаѓач од редовите на актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус, Фредерико Бернардески.

Репрезентативецот на Италија не крие дека е незадоволен од минутажата која ја има во актуелната сезона, а шампионот на Шпанија е во потрага по играч кој ќе биде замена на постојано повредениот Осман Дембеле. Освен парична понуда Барса е подготвена во обратната насока да го испрати и хрватскиот интернационалец Иван Ракитиќ.