Навас помеѓу стативите

53

Репрезентативецот на Костарика и голман на актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, Кејлор Навас, сака во новата сезона да го чува голот на италијанскиот калчолигаш Наполи. Агентите на Навас и раководните лица на Наполи веќе постигнаа договор околу личните побарувања на голманот, челниците на двата клуба се уште не постигнале договор околу обештетувањето кое нема да биде помало од 10 мил. евра.