Муцунски: Бојкотот на ДУИ не успеа, поразени се од народот

49

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, на прес конференција по затворањето на гласачките места соопшти дека, според нивните податоци, цензусот за избор на претседател е постигнат и не успеал бојкотот на ДУИ.

„Да му честитам на целиот македонски народ, Македонија денеска ќе има нов претседател. Бојкотот на ДУИ не успеа, поразени се од страна на народот, но денешниот ден ги покажа сите игри на власта и дека ДУИ посакува криза. Добрата вест е што ДУИ изгуби дупло, бојкотот не успеа и тие одат во опозиција. Денешниот ден изборен ден помина во генерално мирна атмосфера, но мора да нотираме дека се забележани нерегуларности. Функционери на власта правеа поткупи и притисоци, кои го покажаа недемократскиот карактер на власта и ќе бидат поразени. Мора да ги стигне правдата. Второто прашање е потеклото на тие пари, што само докажува дека власта во заминување е една од најкриминалните досега. Истражните органи допрва треба да се занимаваат. Благодарност затоа што денеска се случи народ, и време е за ново поглавје, доаѓаат подобри денови.