Моменталното смирување е „затишје пред бурата“, велат експерти за развојот на корона вирусот

150

Четвртиот бран на Ковид 19 во Австрија полека се смирува, а експертите предупредуваат дека појавата на сојот омикрон може да доведе до нов рекорден дневен број на заразени.

„Сегашното смирување е затишје пред бурата“, велат австриските експерти кои се занимаваат со прогноза за развојот на Ковид 19.

Појавата на сојот омикрон, според нив, поради зголемениот потенцијал за ширење, укажува дека ќе бидат надминати рекордите од четвртиот бран на епидемијата. Тие нагласуваат дека тоа би можело да се случи веќе на почетокот на јануари.

Во пикот на четвртиот бран, на 19 ноември, во Австрија за 24 часа се регистрирани повеќе од 15.800 новозаразени. Доколку се остварат прогнозите на експертите, за само неколку недели повторно треба да се смета на повеќе од 16.000 новозаразени лица дневно.

Експертите не можат да предвидат како тоа ќе влијае на болниците, поради недостигот на податоци за сојот омикрон. До католички Божиќ тие предвидуваат намалување на бројот на новозаразени на околу 2.100 до 3.450 новозаразени.

Се очекува до крајот на годината да има значителен пад на хоспитализираните пациенти со Ковид 19 од 790 на 1.280.