Можеби имате среќа, но не волку! Американец вторпат добил милиони на лотарија

248
Фото: Twitter

Додека повеќето луѓе не можат да добијат ни замена за тикет гребка, на еден Американец му „тргнало од рака“ да добие дури четири милиони долари…и тоа двапати.

„Кога играте лотарија не мислите дека во некој момент ќе освоите повеќемилионска сума, а дефинитивно не помислувате дека двапати ќе ви се посреќи. Тешко ми е воопшто со зборови да опишам како се чувствувам“, изјавил Марк Кларк од Мичиген за СиЕнЕн, по последната добивка.

Кларк е педесетгодишник, а првпат среќата му се насмевнала пред три години. Тогаш работел на бензинска црпка во Хадсон во државата Мичиген. Купил „грепка“ и го изгребал бар-кодот. Таму пишувало дека треба да се обрати на службениците на продажното место.

„Додека разговаравме со службеничката, таа го изгреба и остатокот од лозот, а потоа шокирано ме погледа и рече: Марк, штотуку освои четири милиони долари!“, вели среќникот, кој малку по првата добивка се пензионирал.