Младото население си оди, и покрај карантините нема да има бејби бум

255

Продолжува трендот на намалувањето на бројот на раѓањата, а се зголемува бројот на умирањата во земјата, вели во интервју за весникот ВЕЧЕР директорот на  Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, на прашањето дали неколкуте карантини во изминативе два месеци може  да донесат бејби бум следната година. Ова, вели тој се должи, воглавно, на два фактора.

Прво, населението интензивно ни старее, а второ (што е и главна причина за стареењето на населението), нашата држава е подрачје кое го карактеризира интензивна емиграција во странство, процес кој е почнат многу одамна и кој сè уште трае со несмален интензитет. Ова има двојно влијание на бројната состојба на населението и неговата старосна структура. Прво, бележиме директна загуба на луѓе и тоа во релативно младите возрасни категории и второ, на ваков начин го губиме и репродуктивниот потенцијал, односно категоријата на население која треба да го детерминира сегашниот и идниот број на раѓања во земјата. Јас искрено би бил среќен претпоставката за т.н. бејби бум да е исправна, вели симовски.

Целото интервју со директорот на Државниот завод за статистика прочитајте го ТУКА