Поминаа 12 години од смртта на кралот на фанкот Дино Дворник, инаку син на актерската легенда Борис Дворник. Сплитскиот музичар, познат по хитовите: Удри јаче манијаче, Зашто правиш слона од мене, Ти си ми у мислима, Љубав се зове именом твојим… почина во 45-та година од животот во својот стан во Загреб, како последица на предозираност од апчиња за смирување и антидепресиви.

Неговата сопруга Данијела го пронајде мртов во нивниот брачен кревет. -Тој измешал таблети за смирување, за спиење и за болки што било кобно. Дино почина во сон, објаснила сопругата.

Но, неговата мајка на медиумите им кажала дека Дино умрел тажен, несреќен и депресивен. Особено му било тешко што неговите колеги го избегнувале.
Дино Дворник често правел разни глупости. Во 1997 година на доделувањето на музичката награда “Порин“ во Опатија, се измочал на терасата од кафулето.          (Д.М. фото:Инстаграм)