„Точно е тоа, ама тоа ми се случи во рана младост кога можев и на коњот опашката да му ја искубам. Додека водевме љубов, на телевизијата одеше некоја ноќна програма. Единствено се сеќавам на гласот на водителот…“

Многу популарната пејачка Зорица Брунцлик и нејзиниот сопруг Кемиш се едни од најчесто омилени музичари на овие географски простори. Зорица пред некоја вечер на ТВ Канал 5 ја гледавме и во шоуто „Никогаш не е доцна“, кога како дел од жирито едноставно беше воодушевена од настапот на нашиот Бобан Цаневски. Меѓутоа, пејачката важи и за прилично духовита личност, а таа карактеристика го краси и нејзиниот сопруг. Тој до скоро не сакаше да зборува за нивната интима, но од неодамна необјасниво се отвори пред новинарите кои поради тоа многу му се благодарни. Добија од него одличен материјал за пишување. Љубомир Кемиш, кој и на времето важеше за голем заводник и миленик на жените (бившиот на Весна Змијанац), овој пат зборуваше за некои жешки ситуации од неговата спална соба.

Во ТВ-шоуто на водителот Огњен Амиџиќ, композиторот и хармоникашот кажа дека неговиот интимен однос во една непланирана ситуација траел дури 4 часа и 25 минути: – Точно е тоа, ама тоа ми се случи во рана младост кога можев и на коњот опашката да му ја искубам. Додека имав огнен с*кс, на телевизијата одеше некоја ноќна програма. Единствено на ништо не се сеќавам, освен на гласот на водителот кој некаде пред зори кажа „Добро јутро, Београде“. Кутриот јас колку само бев исцрпен, испотен и слатко беспомошен, не можев да станам ниту кафе да сварам. Таквите ситуации мислам дека веќе не ми се повторија. Младост-лудост, објасни духовитиот Кемиш.

По неговото вакво зборување во емисијата се приклучи и сопругата Зорица Брунцлик. Таа не само што беше многу изненадена, туку и му откачи на сопругот: „Само да знаеш дека тоа не ти беше со мене“, по што публиката во студиото „пукна“ од громогласно долго смеење. (Д.М.)