Поранешниот македонски селектор, Александар Џикиќ, по освојувањето на титулата во Црна Гора со тимот на Будуќност, седна на клупата на Хапоел Ерусалим.

  • Многу сум возбуден што сум во толку важен клуб за историјата на израелската и европската кошарка. Среќен сум што работам со мотивирани луѓе, тоа ми е многу важно. Слушнав многу за навивачите во Ерусалим, имав среќа да бидеме во салата. Преку работа постигнуваме нешто што се нарекува одговорност кон кошарката. Сакаме да изградиме карактер и идентитет, истакна Џикиќ по пристигнувањето во Хапоел.