Ерика Фонтејн има 23 години, се занимава со гимнастика, но изгледа не е задоволна од заработката од спортски активности. Таа во неколку наврати ги претставуваше САД на врвни натпреварувања, но денес ги продава своите разголени фотографии на „OnlyFans“, моментално една од најпопуларните страници за возрасни.

Платформата „OnlyFans“ стекна огромна популарност на почетокот на пандемијата и оттогаш страницата бележи неверојатен пораст. Затоа дури и спортистите како Ерика решија да заработат дополнителни пари објавувајќи фотографии со експлицитна содржина, а понекогаш и по некои повисоки цени таа може да се појави и пред камера пред „клиентите“.

Дваесет и тригодишната поранешна гимнастичарка успеа да собере над 40.000 претплатници на својот профил, кој го промовира на социјалните мрежи. Ерика не само што објавува експлицитни содржини, туку и комуницира со обожавателите кои и испраќаат пораки на таа платформа.

Претплатата на нејзината сметка чини околу девет евра месечно, што значи дека на сметките на девојката автоматски вложуваат 360.000 евра месечно, на кои се додаваат и други бонуси.

Може да се каже дека е многу повеќе од она што го заработуваше од гимнастиката.