Ферланд Менди е француско-сенегалски фудбалер кој има 24 години, а неговата животна приказна трогна многумина. Тој го опиша својот тежок живот за време на претставувањето во новиот клуб – Реал Мадрид.

Имено пред тринаесет години остана без татко, една година подоцна заврши во инвалидска количка, на петнаесет години повторно учеше да оди, додека на 24 за 48.000.000 евра премина од Лион во Реал Мадрид.

  • Наполнив 11 години и останав без татко, не помина ни една година во колкот ми се вовлече некаква инфекција. Проблемот се зголеми и на 13 години ги слушнав овие зборови: „Ферланд имаш артритис. Сигурно повеќе нема да можеш да играш фудбал“. Можете да си замислите само како се чувствував, изјави Менди.
  • Проблемот со колкот  беше толку многу голем што завршив во инвалидска количка и потоа со 15 години повторно учев да одам. Имав 17 години кога повторно заиграв фудбал во четвртата лига. На 20 години ме зеде Ле Хавер, две години подоцна Лион даде пет милиони евра за мене, а еве сега сум играч на Реал Мадрид. И не можам да верувам, додаде Французинот.

Кога почнале проблемите на Менди и едвај можел да оди, морал прво да носи гипс три месеци, а потоа бил на рехабилитација во детска болница. Таму му рекле да заборави на фудбалот и да научи да живее во количка.

Пеколот беше долга и болна рехабилитација. Прво повторно учел да оди, а кога конечно застанал на нозе почнал да ги ојачува мускулите кои атрофирале од седење и лежење. Но Менди бил жилав и упорен. Се опоравил сто отсто и одлучи од ПСЖ да замине за Мантоис, мал клуб од париското предградие. Таму покажа дека се опоравил и бил подобар од пред да се разболи, а најголем доказ за тоа е неговиот последен трансфер во кралскиот клуб.